Македонија
20. January 2017 - 21:06

Судско рочиште во куманово за бомбите на Заев

Во кумановскиот суд денеска се одржа главната расправа по однос на приватната тужба на Виктор Цветковски за неовластено снимање и обjaвување аудио снимки против  претседателот на СДСМ,Зоран Заев, правното лице СДСМ и претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски. Судењето се одржа во отсуство на третообвинетиот Костовски.

Заев истакна дека објавените снимки водени меѓу Цветковски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се дел од проектот„Вистината за Македонија„ и дека одлуката за објавување на снимените материјали е донесена од највисоките органи на партијата.

-Ние сме овде по приватната тужба на Цветковски да ги дадеме сите потребни одговори помагајќи и на правдата секако да излезе до крај ,изјави Зоран Заев, обвинет

Цветковски смета дека со објавувањето на снимките обвинетите се обидуваат да дискредитираат личности кои на нив, во нивните политички цели им пречат.

- Денеска од нивните искази не слушнавме ништо друго , исклучиво како обид за дискредитација на мојата личност и од тие причини разговорите биле објавени изјави  Виктор Цветковски, приватен тужител

Цветковски ги тужи членовите на СДСМ за објавување разговори меѓу него и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска водени во 2013-та година меѓу двата круга од локалните избори.