-->
-->
Судот во Загреб донесе одлука во корист на Поповиќ: Еве што му е забрането на Игор
-->
Уште од 2014 година трае борбата во судот меѓу српскиот бизнисмен Милан Поповиќ и хрватската пејачка Северина Којиќ за старателството над синот Александар.
Случајот доживеа многу пресврти, а последна е судската одлука која е донесена во корист на Поповиќ. Имено, Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе решение со кое му се забранува на сопругот на Северина, Игор Коијќ да објавува фотографии од малиот Александар на социјалните мрежи. Како што се наведува во документите, донесено е решение во интерес на малиот Александар. Милан Поповиќ барал самостојно застапување врз својот малолетен син, што судот му го одобрил, а со тоа била донесена и привремена забрана за објавување фотографии од малиот Александар на социјалните профили на Игор Којиќ, за доброто на детето.И покрај тоа што адвокатите на Северина истакнале дека Игор и Александар имаат одличен однос, одлуката била донесена во корист на Милан Поповиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.