Џет-Сет
19. September 2017 - 12:09

Судот во Загреб донесе одлука во корист на Поповиќ: Еве што му е забрането на Игор

Уште од 2014 година трае борбата во судот меѓу српскиот бизнисмен Милан Поповиќ и хрватската пејачка Северина Којиќ за старателството над  синот Александар. 
Случајот доживеа многу пресврти, а последна е судската одлука која е донесена во корист на Поповиќ. Имено, Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе решение со кое му се забранува на сопругот на Северина, Игор Коијќ да објавува фотографии од малиот Александар на социјалните мрежи.  Како што се наведува во документите, донесено е решение  во интерес на малиот Александар. Милан Поповиќ барал самостојно застапување врз својот малолетен син, што судот му го одобрил, а со тоа била донесена и привремена забрана за објавување фотографии од малиот Александар на социјалните профили на Игор Којиќ, за доброто на детето.И покрај тоа што адвокатите на Северина истакнале дека Игор и Александар имаат одличен однос, одлуката била донесена во корист на Милан Поповиќ.