Балкан
13. December 2017 - 8:46

Судот во Хаг ќе расправа за жалбата на тужителот за ослободителна пресуда на Шешељ

Меѓународниот суд во Хаг денеска ќе расправа за жалбата на тужителот за првостепената ослободителна пресуда за лидерот на Српската радикална странка Воислав Шешељ.

Со мнозинство гласови, Хашкиот трибунал на 31 март лани го ослободи Шешељ од обвинението за злосторства над несрби во Хрватска, Војводина, и Босна и Херцеговина во периодот 1991-1993 година.

Обвинителството со жалбата побара ослободителната пресуда да биде поништена и Шешељ да биде прогласен за виновен по сите точки од обвинението и осуден на 28 години затвор.

Алтернативно, обвинителите со жалбата побараа на Шешељ повторно да му се суди.