Македонија
30. јуни 2017 - 17:18

Судот одлучува за барањата на СЈО за притвор на 18 лица - граѓани протестираат

Бараме правда, но не селективна. Додека Кривичниот совет одлучува за барања за притвор и мерки за претпазливост кои вчера ги поднесе Специјалното обвинителство, граѓаните се собраа на мирен протест пред Основниот суд. Велат дека секој кој го прекршил законот треба да одоговора пред институциите, но не на ваков непрофесионален начин на кој СЈО води хајка против само една политичка партија.

Рокот од 24 часа за прифаќање или одбивање на барања за притвор или мерки препазливост истекува денеска попладне, додека за последните 4 предмети кои СЈО ги достави денеска, судот ќе одлучува најдоцна до утре. 

Специјалното обвинителство вчера поднесе 17 обвиненија против 94 физички и 7 правни лица, со кои побара притвор за 18 обвинети и одземање на пасошите на 47 лица. Обвинетите се товарат за повеќе од 20-тина различни дела меѓу кои злосторничко здружување, затајување данок, злоупотреба на службена положба, повреда на избирачко право и уништување на изборен материјал.