Судот објави одлуки за 16 тужби на партиите, сите се одбиени
Судечките совети на Управниот суд донеле одлуки за сите 28 тужби поднесени од политичките партии против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори.
До 18 часот на веб-страната на судот објавени се одлуките за 16 тужби кои се одбиваат како неосновани. Четиринаесет од нив се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, и по една од ТМРО и Левица. Одлуките на Управниот суд се конечни.
Според информациите од Управниот суд, одлуките за поднесените тужби од партиите постепено ќе се објавуваат преку АКМИС системот на веб - страницата на Управниот суд.
По тужбите на политичките партии одлучуваа судечки совети составени од по пет судии избрани по пат на жрепка.
Вториот круг од локалните избори кои треба да се одржат во 35 општини е закажан за 29 октомври.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра