Македонија
25. September 2015 - 16:54

Судир во ЕУ за мигрантите

Чешка, Унгарија и Словачка се трите земји членки Европската унија кои се спротивставија на планот на Европската комисија за распределување на бегалците низ целата заедница, што предизвикува голем раскол во самата Унија. Полска, пак иако претходно беше против предлогот, истата се предомисли и ќе го прифати својот дел од бегалците.

Зошто се случува толку силен отпор на Вишеградската група да прими бегалци, чин го нарушува единството и солидарноста на Унијата.

Образоложанието на Чешка, нација од 10 милиони жители е дека редистрибуцијата во ова земја нема да успее бидејќи бегалците не сакаат да останат таму, туку сакаат да заминат во Германија. Во тој случај чешките експерти сметат дека Германија ќе ја затвори границата кон Чешка. Воедно се додава дека одлуката на комисијата за распределба на бегалците согласно економската моќ, може да го наруши националниот суверентитет на државата. Чесите воедно се плашат од се што е поврзано со Исламот,  со што се согласуваат сите партии во Чешка

Унгарија, земја со истотака 10 милионско население со бегалците одлучи да се справи на макијавелистички начин, односно веднаш за себе да извлече политички поени од мигрантската криза играчќи на националистичките и ксенофобични инстинкти кај голем дел Унгарски граѓани, но и кај многимина Европјани. Согласно очекувањата тоа водеше кон ескалација на кризата. За таа цел нашироко се користат слики во медиумите од недолчно однесување и нереди предизвикани од мигрантите, што одат во прилог на поддршка на унгарската влада. Според унгарските експерти стратегијата на влдата успеала, бидејќи разничаната популарност на премиерот Виктор Орбан ја вратила довербара кај гласачите.

За одбивање на расределба на бегалците од 5 милионската Словачка, тамошните експерти сметаат дека тоа се должи пред се на политички причини, односно парламентарните избори во март догодина, односно растечката радикализација кон мигрантите кај словачката јавност, ја принудува центристичко-левичарската влада да не се впушта во осуда на ксенофобијата или исламофобијата, што би бил политички рискантен потег.

По масовните протести против мигрантите сега е јасно дека словачката влада се користи со популизам и етикетирање на бегалците како потенцијални терористи, сметаат експертите, притоа не објаснувајќи дека квотите за мигрантите е привремено решение.