Македонија
25. March 2017 - 13:47

Судар на џип и комбе на патот Штип - Велес

Вчера во 16.20 часот на магистралниот пат Штип – Велес, населба Три Чешми, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мицубиши Пајеро“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.М. (71) од Штип и  товарно моторно возило товарно моторно возило „Форд Транзит“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Ѓ. (54) од Свети Николе. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.Д.(41) од Св.Николе, сопатничката во комбето „Форд Транзит“, на која и била укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип, по што е задржана на лекување. 

Со телесни повреди се здобиле четири сопатнички во товарното, возачот на патничко моторно возило „Мицубиши Пајери“ и неговиот сопатник, кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.