Македонија
10. September 2017 - 17:32

Субвенционираните летови ја продолжија сезоната во Охрид

Новите авио летови до охридскиот аеродром Свети Апосотол Павле ја продолжија сезоната во главниот туристички центар. Ова лето покрај традиционалните сезонски линии и дополнителните четири нови пазари – Полска, Белгија, Израел,и Србија го наполнија градот со посетители кои на брегот на езерото ќе одмараат до крајот на месец октомври.

Надлежните се надеваат дека и во наредните години ќе има субвенционирање на тур операторите кои носат гости од сите краеви ширум светот.

Македонскиот бисер во својата понуда ги нуди и алтернативните форми на туризам како селскиот верскиот и планинскиот кои се почесто се бараат од страна на туристите .

Инаку во последните 4 години порастот на странски посетители во просек се движи до 15% зголемување во однос на претходната година.