Бизнис
10. January 2017 - 20:24

Студот го забави откупот на тутун

Временските услови ја забавија динамиката на откуп на тутун. Иако откупот е речиси при крај, се предава само родот што е претходно спакуван. Од Земјоделскиот инспекторат информираат дека нема никакви поплаки од тутунарите и се чека на подобрување на временските услови за да продолжи предавањето.

Досега се откупени околу 15 милиони килограми по просечна цена од 192 денари. Од откупените количини 94 отсто се исплатени.

Трипуновски информираше дека тутунарите кои имаа договори со компанијата Струмица Табак, која годинава не почна со откуп, веќе ги предаваат своите  количини на други откупни пунктови.

Лани тутунарите први ги добија субвенциите од 60 денари по килограм. Платежната агенција правеше два пресеци со што прво беа исплатени тутунарите кои го имаа предадено тутунот до 15 јануари.

Годинава се додека не се формира новата Влада нема информации кога ќе почне исплатата.

Откупот трае до 15 ти март а годинава се очекува да заврши порано. Треба да се откупат уште 5 000 милиони килограми.