Македонија
31. October 2016 - 21:28

Студот донесе снег во Македонија - еве каде вее во моментов

Слаби снежни врнежи вечерва се регистрирани на некои повисоки врвови на планинскиот масив во северозападна Македонија. Слаб снег провејува на врвовите на Шар Планина, а снежни врнежи се регистрирани и на некои повисоки точки на Бистра. 

До четврток времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, кои утре изутрина на повеќе места ќе се спуштат под нула. Во четврток попладне ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне ќе има врнежи од дожд, особено во западните и северните делови.