Бизарно но вистинито
5. December 2016 - 10:08

Студентката Марија силувана па убиена

Тинејџер од Авганистан е уапсен синоќа под сомнение дека ја силувал и убил 19-годишната Марија Ладенбург во Германија. Таа е втората девојка во Германија која на ваков начин е мачена и убиена за еден месец.

Телото било пронајдено во Фрајбург, близу границата со Швајцарија. Студентката по медицина била силувана па удавена, а нејзиното тело било фрлено во река.

Таа се враќала од журка во три по полноќ кога се случило грозоморното силување и убиство.

На местото на злочинот е пронајденот долго црно машко влакно кое ќе се испитува.