Балкан
17. November 2017 - 12:50

Студентка снимена како на предавање шмрка кокаин

На Фејсбук се појави шокантно видео на кое се гледа како женско лице шмрка дрога при предавање на загребскиот приватен факултет.

Имено, студентката е фатена во ситуација како прави движења кои се карактеристични за конзумирање на кокаин, спид или некоја друга дрога која се конзумира со мркање, односно „преку нос“.

Снимката предизвика многу реакции, но и коментарите под видеото се појавиле тврдења на студенти дека се работи за загребсиот факултет ВЕРН. Споменатиот факултет на својата страна регирал за споменатата ситуација со соопштение.

- Факултетот доби информација за видео матрејалот чија содржина упато на неприфатливо и недозволено однесување на една наша студентка во просториите на Факултетот. Веднаш по примањето на наведените информации факултетот ВЕРН покрена правни и други постапки. Осудуваме секаква постапка која се коси со законите на Република ГХрватска и интерните акти на установте и овој предмет ќе биде обработен во склад со наведените, пишува во соопштението.

Студентите на ВЕРН воглавно не сакаат да даваат изјави, но една студентка за „100 посто.хр“ дала изјава.

- Тоа е без соменавање ВЕРН, се приметува по работните маси и столичињата. Мислам дека е во прашање салата на првиот кат од зградата, изјавила студентката која сакала да остане анонимна.