Македонија
30. јуни 2016 - 16:24

Студентите го бираат новиот претседател на студентскиот парламент при УКИМ

Студентите го бираат новиот претседател на Студентскиот парламент при УКИМ. Гласањето кое утрово стартуваше во 9 часот на сите 23 факултети сепак не помина без инциденти.

Членови на Студентскиот пленум се обидоа да го блокираат гласањето со образложение дека е нелогично сега да има избори за нов лидер на студентите.

Според интернет порталот Курир ова е уште еден обид опозицијата да спречи избор на нов студентски лидер преку свои членови во младината. Курир пишува дека обидите течат преку Ивана Туфегџиќ, која е член на СДММ и една од најгласните против изборите.

Од друга страна студентскиот правобранител Васка Бојаџи упати апел до пленумот да не ги спречуваат студентите во остварување на своето право на глас.

Изборите за нов студентски лидер траеја до 16 часот, а кандидати за студентски претседател се Давор Поповски од ФИНКИ и Стефан Василевски од Медицинскиот факултет.