Македонија
14. April 2016 - 16:39

Студенти на правен упаднаа кај професорката Каракамишева и ја навредуваа

Неколкумина студенти од правниот факултет “Јустинијан Први“ со навреди упаднаа во кабинетот на професорката Тања Каракамишева.

И покрај тоа што таа не е партиски или политички функционер, тие од неа бараа оставка поради ставовите кои ги искажува во јавноста.

Професорката вели дека случајот го пријавила и во полиција. А очекува и факултетот најстрого да ги казни за ваквиот чин.

Студентите кои се од организацијата “Студентски Пленум“ која постојано учествува на протестите на СДСМ, претходно на социјалните мрежи најавуваа дека ќе го окупираат целиот универзитет. Но, на терен немаше повеќе од петнаесетина членови на организацијата.