Балкан
3. January 2017 - 14:28

Студент педофил уапсен за детска порнографија: „Се обидов да имам девојка, но ништо не ме возбудува како децата“

Младото момче го разоткри работник од еден сервис кој го примил неговиот компјутер за поправка и веднаш ја повикал полицијата штом го видел што има во неговата меморија.

- Тоа беше порнографски материјали во кои главни актери беа деца од три или четири години. многу сцени со секс и искористување на деца. Во Белград е уапсен студентот, кој го признакривичното дело - вели извор на "Ало!".

Уапсеното момче во разговорот со обвинителот, наводно, изјавил дека тој бил свесен за својот криминал, но дека не може да се излечи.

Се обидов да имам девојка но ништо не ми е толку возбудливо како децата. Знам дека сум болен и ве молам да ми помогнете. Доколку имате некој експерт за мојот проблем, јас сум спремен со него да поразговарам и да се излечам. Тврдам дека ни едно дете физички не сум го повредил. Сакам да ги гледам... рече уапсеното момче.

Тој ќе биде задржан во притвор 30 дена, а понатамошната истрага ќе утврди дали меѓу сликите и снимките има деца од Србија или материјалот е добиен само преку Интернет.