Македонија
21. January 2018 - 16:26

Студениот бран продолжува - снег, дожд и ветрови до 70км/час

Студен бран од ноќеска ќе ја зафати Македонија.

Според најавите на синоптичарите, се очекуваат врнежи од дожд и снег, силен северен ветер и минусни температури.. Од Управата за Хидрометеоролошки работи велат дека на повисоките места се очекува снежна покривка и до 20 сантиметри. Студеното време ќе се задржи до крајот на работната недела..

Обилни врнежи од снег и синоќа зафатија дел од земјата поради што сообраќајот на сите патни правци се одвиваше забавено. Од Автомото сојузот на Македонија велат дека засега нема забрани или ограничувања за движење на возила но поради најавите за нови снежни врнежи предупредуваат на внимателност доколку се вози клисури или планински предели..

Инаку снегот кој вчера доцна попладне зафати дел од земјава, значително го отежна движењето на возилата по автопатските делници Скопје-Велес-Скопје.. Интензивните врнежи за кратко формираа снежна покривка на коловозот па неколку часа сообраќајот се одвиваше забавено..