Живот
25. February 2018 - 13:41

Студен бран во Македонија - спасете се од настинките со оваа евтина смеса која се прави дома

Доаѓа леден бран и многу снег. Ако сакате да се заштитите од настинки и грип, се што ви треба е оваа смеса која се прави дома и е многу ефикасна.

Она што е најважно од се е дека освен што лесно се прави, таа е и многу вкусна.

Препаратите за оваа смеса се мед кој докажано е многу здрав и има антибактериско дејство, кокосово масло кое ги убива бактериите и вирусите, лимонот кој е најголем извор на витамин Ц и циметот кој е многу здрав, помага за многу болести и воспаленија.

Помешајте 3 лажици мед со 2 лажици растопено кокосово масло, сок од еден лимон и лажиче цимет.

Направете сируп и земајте 3 до 5 пати на ден по едно лажиче кога ќе ги почувствувате првите знаци на настинка или грип.