Македонија
30. December 2017 - 11:06

Стружанец повреден од заскитан куршум во дворот на сопствената куќа

Вчера во 18:15 часот во село Шум-Струга, во дворот од сопствената куќа, од залутан куршум во пределот на ногата бил повреден  Д. К. (48). 

Тој бил пренесен во Медицинскиот центар -Струга, каде е извршена  хируршка интервенција, по што е пуштен на домашно лекување. Увид извршила екипа на Полициската станица -Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.