Бизнис
18. July 2017 - 19:47

Струмичките земјоделци ги фрлаа лубениците пред Министерството за земјоделство, државата најави решение на проблемот веќе од утре

Струмичките земјоделци денеска фрлија дел од родот пред Министерствто за земјоделство.

Велат дека годинава продале одвај 40% од вкупните количини. По средбата во Министерството за земјоделство добија ветување дека државата ќе им излезе во пресрет.

Откупувачите уште од утре ќе почнат со откуп на лубеници од производителите кои заради нерешени имотно – правни односи не можат да добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм.