Македонија
18. February 2018 - 17:36

Струмичкиот карневал уште еднаш потврди зошто е меѓу 20-те најдобри улични карневали во светот

Струмица понуди уште едно незаборавно карневалско издание, а струмичани со одличните маски  изработени до перфекција покажаа дека не само што ја чуваат вековната традиција на градот,  туку со секоја измината година и ја надополнуваат со нови оригинални креации .  Впечатоците кај сите присутни се исти, струмичкиот карневал не случајно е вброен во седумте најатрактивни зимски настани во Европа  и еден  од дваесетте најдобри улични карневали на светско ниво. Велат ако еднаш се  почувствува таа магијата на маските останувате  верен на карневалот засегогаш. 

Магијата со маски  која  започна синоќа продолжи и во текот на денешниот ден. Претпладнето на  карневалската сцена стапија најмладите со нивниот детски карневал. Стотици маскирани деца го преполнија градскиот плоштад и за миг со оргининални маски  дозволија и повозрасните да влезат во светот на децата во кој царуваат омилените ликови од бајките и цртаните. Карневалските свечености продолжуваат утре со одбележувањето на чист понеделник кога во чест на празникот за сите ќе бде подготвен бел посен грав. Годинава за прв пат тој ќе се подготвува во голем казан од3,5 тони.