Македонија
25. April 2017 - 16:52

Струмички земјоделци еден час го блокираа патот Радовиш - Струмица

Струмички земјоделци денеска еден час, од 12 до 13 часот, го блокираа регионалниот пат Радовиш - Струмица. Тие бараат итна средба со надлежните институции на која, како што истакнаа, ќе разговараат за темите кои ги засегаат производителите.

- До петок бараме итна средба со министерите за земјоделство и за финансии и со директорот на Платежната агенција за да се најдат начини за итно исплаќање на субвенциите. Потоа бараме да се најде начин за надоместок поради ниската цена по која деновиве се продаваат градинарските производи. Бараме институциите да ни помогнат да се исплатат производите од минатогодишната реколта, како и функционирање на Собранието и формирање влада, изјави Ристо Велков, од Регионалниот синдикат на земјоделски производители.

Продажната цена на зелката деновиве изнесува осум денари по килограм што, според земјоделците, не ги покрива ниту производствените трошоци.