Бизнис
24. May 2016 - 18:45

Струмички земјоделци бараат повисоки откупни цени на раноградинарските производи

Земјоделци од Струмица со своите трактори и механизација денеска ги блокираа улиците на градот во знак на револт поради, како што истакнуваат, ниските откупни цени на раноградинарските производи, но и нивниот лош пласман.

Тие бараат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство итно да интервенира, а во спротивно најавуваат блокади на патишта и фрлање на родот.

Исто така бараат да се укине оданочувањето, а договорите со откупувачите на индустриска пиперка да бидат со цени со кои претходно се договориле.

Според нив, последниве десетина години, раноградинарските производи имаат најниски откупни цени. За тоа, според земјоделците, влијае увозот на раноградинарски производи од надвор.