Македонија
20. February 2017 - 17:08

Струмица со пари од ЕУ ќе го решева проблемот со отпадните води

Со финансиска поддршка на Европската Унија Струмица го решава проблемот со отпадните води. За таа цел од страна унијата се обезбедени 5,7 милиони евра за изградба на прочистителна станица за отпадни води, надгледување и студија. Проектот се реализира во соработка со министерството за животна средина, локалната самоуправа и јавното комунално претпријатие.  За текот на активностите околу реализацијата на овој проект  директно на терен се  информираше и евоамбасадорот Самуел Жбогар кој  во рамки на кампањаеа ,, ЕУ за тебе ,, беше во посета на Струмица .

-Нашиот проект т.е . изградба на прочистителна станица исто така ќе помогне во прочистувањето на  реката Струмица во вашата општина. Европската унија за ова инвестира повеќе од 5 милиони евра и мислам дека во иднина сите овие проекти ќе ни служат како охрабрување за продолжување на нашата соработка  и реализација на други проекти. рече евроамбасадотот Самуел Жбогар

-Во општина Струмица во тек на реализација се два крупни капитални проекти и тоа прочистителна станица за отпадни води во Струмица и канализациони системи во населените места Просениково, Дабиле и Добрејци, рече Костадин Костадинов –  в.д. градоначалик на општина Струмица

Кампањата ,, Еу за тебе,, започна на 27 јануари од Кичево, а има за цел подигање на свеста и информирање на јавноста за помошта на ЕУ во земјата.  Целокупната помош на ЕУ  за Македонија во областа на животната средина  во рамки на ИПА 1 програмата изнесува над 80 милони евра. Дополнителна поддршка од 100 милиони евра е планирана во рамки на следната финансиска распределба во рамки на ИПА 2 програмата.