„Струмица опен фестивал“ ќе се одржи од 6 до 14 август
Петото јубилејно издание на летната манифестација „Струмица опен фестивал“ ќе се одржи од 6 до 14 август 2016 година. Во деветте фестивалски дена предвидени се голем број настани од забавен, музички и културен карактер, информираа на денешната прес-конференција
Архангел, Љубојна, Влатко Стефановски, Џамбо Агушев, се дел од македонските имиња кои ќе бидат дел од манифестацијата.
- Она што го прави поразличен „Струмица опен“ од другите летни фестивали низ Македонија е што ние освен музички дел имаме и богата културно уметничка програма. Осум месеци работевме на содржините за ова јубилејно издание кое веруваме дека ќе ги задоволи барањата на сите возрасти од 7 до 77 години. Концерите ќе се одржат последните три дена, претходно на различни локации, на градкиот плоштад, амфитеатарот и во градкиот парк ќе се случуваат детски фестивал, хип хоп концерт, џез концерт, концерт на ансамблот на староградска песна „Тримери“, концерт на акустична романтика, вечери на поезија и афоризми, промоција на книги итн, рече на прес-конференцијата Томи Печков претседател на здружението „Културен забавен живот“.
Во музичкиот дел од 12 август до 14 август ќе настапат голем дел македонски, балкански и светски ѕвезди, најавија организаторите.
Во петок на 12 август на главната бина на градскиот плоштад ќе настапат Љубојна, Амадеус, Аца Лукас, Џамбо Агушев и неговиот бенд. Втората вечер, на 13 август ќе настапат Хипнотизер, Влатко Стефановски и неговото трио, Архангел, Кад би био бјело дугме, Брас брадрс и ДЏ Клајдмен. Третата вечер, в недела на 14 август публиката може да ги види Силви бенд, Црвена јабука, Жељко Јоксимовиќ, Лос и Хаус твинс, објасни Горан Кукуќ, стручен соработник за музичката програма.
Од Општина Струмица велат дека фестивалот станува препознатлив знак на градот.
- Струмица цела деценија доживува ренесанса во младинското живеење. Струмица опен фестивалот е кулминација на тоа. Не се сомневам дека во деветте фестивалски дена Струмица ќе биде Мека на поклониците на културните, забавните и музичките содржини и сите патишта ќе водат кон струмичкиот плоштад и другите локации. Општината и градоначалникот помаагаат логистички и финансиски, рече претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.
Буџетот на фестивалот изнесува скоро 150 илјади евра, од кои 9 милиони денари се обезбедени од буџетот на општината. Останатите, организаторот, Здружението „Културно-забавен живот“ вели дека же ги обезбеди преку изнајмување шанкови, спонзорства и донации. Најголемиот дел или околу 80 илјади евра се наменети за музичкиот дел, а останатите за бината, озвучување, светло, како и за обезбедување на фестивалот. Во фестивалските денови се вклучени и 150 младински волонтери.
Ново на Сител
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол