Бизнис
14. August 2017 - 16:10

Строги контроли: Опожареното дрво не смее да се продава

Колкава површина шуми се оштетени од пожарите  ќе се знае утре. ЈП Македонски шуми треба да ја соопшти точната бројка  на владина седница информираше денеска министерот за земјоделство шумарство и водостопанство. Од тоа ќе зависи дали ќе остане забраната за движење во овие подрачја. Николовски посочи дека инспекторите ќе вршат строга контрола за да не се врши продажба на опожареното дрво. Најави и зголемување на буџетските средтсва за заштита на шумите од идната година.

- Во претходните десет години десеткратно е намален износот на буџетот за заштита на шумите, од 70 милиони денари во 2006-та, на седум милиони во 2017 година, напомена министерот.

Според Николовски поразителни се податоците од ревизијата на ефикасноста на претпријатијата и институциите надлежни за шумите.

- Ревизијата со години не се спроведувала. Сега почна и секои три месеци ќе добиваме податоци. Ќе почекаме целосно да завршиме за да ги соопштиме податоците, рече министерот.

Со вчерашните врнежи најголем дел од огнените стихии кои беснееја во изминатиов период се локализирани.