Свет
1. January 2016 - 8:56

Страв не победи жители на Виена да ја прослават Новата година

Во опуштена атмосфера и покрај предупредувања за можни терористички напади, околу 600.000 жители на Виена и бројни туристи прославија влегување во новата 2016 година.

Расположението меѓу посетителите на Новогодишната патека, беше опуштено и не пречеше ниту ниската температура како и полицајците.

Градот Виена по 26 пат организираше Новогодишна патека, со која центарот на австрискиот главен град беше во знак на најголема журка за дочек на Новата година.

Поради закани за терористички напади, околу 1.500 полицајци беа на задача за новогодишната ноќ меѓу кои и специјалци чие присуство поради опремата не остана незабележано.