Македонија
5. February 2018 - 11:31

Стратегијата за Западен Балкан предвидува почеток на преговори на Македонија со ЕУ во 2019.

Во најновата верзија на Стратегијата за Западен Балкан, се наведува дека земјите од регионот ќе станат членки на ЕУ, „но не во состојбата во која се наоѓаат денес“.

Европската комисија утре ќе ја објави Стратегијата за кредибилната перспектива за проширување кон Западен Балкан, во која се предупредува на две важни прашања кои се однесуваат на целиот регион, а кои треба да се решат пред пристапувањето на која и да е земја во ЕУ: дијалогот меѓу Србија и Косово и билатералните спорови.

Црна Гора и Србија и натаму се идентификуваат како лидери во регионот, па нивниот прием во ЕУ се предвидува до крајот на 2025 година, со тоа што пристапните преговори би завршиле во 2023 година. Истата година, кога лидерите во регионот ќе ги завршат преговорите, се предвидува почеток на процесот со Босна и Херцеговина.

Македонија и Албанија се очекува да ги почнат преговорите во 2019 година.

ЕУ Балкан

Крајот на 2019 година е рокот до кој Србија и Косово би требало да постигнат договор за сеопфатна нормализација на односите.

„Денес, земјите покажуваат јасни елементи на заробена држава, вклучувајќи и врски со организиран криминал и корупција на сите нивоа на владата и администрацијата, како и силно вмешување на јавниот и приватниот интерес“, се истакнува во најновата верзија на Стратегијата, во која Радио Слободна Европа имаше увид, и се оценува дека тоа создава чувство за постоење неказнивост и нееднаквост.

Во Стратегијата се предупредува дека постои „екстензивно политичко мешање во медиумите и контрола над нив“.

„Забележливо силно и независно правосудство, како и одговорни влади и администрации, се неопходни за носење на потребните трајни општествени промени“, се наведува во тектстот.