Балкан
17. July 2017 - 14:49

Страшни сцени од Халкидики: Евакуирани туристи, поплавени хотели, автомобили, улици

Големо невреме во туристичкото место Торини на вториот крак во Грција. Обилни дождови и поплави. Водата носела се пред себе. Оштетени се многу автомобили на туристите. А туристи кои биле сместени на првите спратови во објектите биле евакуирани.

Во ова место има и многу македонски туристи кои ги испратиле овие фотографии до мк-њуз на кои се гледа дека невремето ја однело буквално и плажата.