Балкан
16. December 2017 - 21:15

Страшна трагедија: Полицаецот Марко удри во автобус, а во неговиот автомобил удри татко му, момчето остана мртво на место

Марко Златановиќ (28) полициски службеник од Полициската управа во Ниш загина во сообраќајна несреќа во петокот вечер во близина на Куршумлија.

Неговиот татко Драган е тешко повреден.

Според медиумите, до несреќата дошло кога возилото БМВ со кое управувал Марко удрил со левата страна во автобус на белградското претпријатие Ласта и од силината на ударот се свртело во спротивен правец.

Тогаш наишол таткото на Марко кој се движел со возилото зад синот и удрил во БМВ-то.

Несреќното момче починало на самото место, додека таткото со тешки телесни повреди е згрижен во нишкиот клинички центар.

Марко работел во одделението за кражби на автомобили, додека неговиот татко до минатата година, кога заминал во пензија, бил припадник на интервентните единици.

Нивните колеги велат дека Марко бил одличен полицаец и прекрасно момче.

-Неговиот татко дочека пензија во нишката Полициска управа како еден од најдобрите службеници, а Марко продолжи по неговите стапки. Страшно не погоди неговата смрт, беше на почетокот на ветувачка кариера. Неодамна се ожени, купи стан, а во мај доби и ќеркичка. Голема тага е ова за неговото семејство и за сите нас, рече еден соработник на загинатиот полицаец.