Македонија
22. March 2017 - 14:21

Страшна сообраќајка во Велес

Во 18 часот и 20 часот во Велес на улицата „Благој Ѓорев“ се случила сообраќајна незгода во која седумнаесетгодишник од Велес, управувајќи мотоцикл „Херц 200 цм3“ без регистарски ознаки, изгубил контрола над истиот и удрил во бетонски sид.
 
Во незгодата возачот заедно со седумнаесетгодишниот сопатник од Велес се здобиле со тешки телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавната здравствена установа Велес, но поради сериозноста на повредите, возачот бил пренесен во КАРИЛ-Скопје.
 
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес.