Македонија
27. May 2017 - 13:31

Страшна сообраќајка во Македонија, со автомобил се забил во велосипед

Во Охрид на улицата Кленоец во 22 часот и 10 минути синоќа, се случила страшна сообраќајна незгода. Возило „Рено Меган“ со охридски регистерски таблици управувано од 75-годишниот Б.T. удрило во велосипед управуван од 61-годишниот Б.M. од Охрид.

Полицијата информира дека на Б.M. медицинска помош му била укажана во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил препратен во Медицинскиот Центар „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.