Македонија
25. March 2017 - 12:34

Страшна сообраќајка во Центар: Судар на мотоциклист со полициско возило

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во центарот на Скопје на раскрсницата на улиците „Димитрија Чуповски" и булеварот „Св. Климент Охридски“.

Според очевидци, мотоциклистот, кој удрил во полициско возило што вртело полукружно на раскрсницата, по ударот летал десетина метри над возилото.

Мотоциклистот со тешки телесни повреди веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Фото: Ѕид на сообраќаен срам