Балкан
22. јуни 2017 - 9:54

Страшна сообраќајка: Таткото на апарати оди да го погреба синот, семејството во црно

40-годишниот Иштван од Врбас е тешко повреден во страотна сообраќајка, додека неговиот син Милош загина на само 14. години. Неговата сопруга вчера била итно транспортирана во болница од Софија.

Таткото стигнал во болницата со апарати и со тим лекари кои се грижат за него. По страшната нсреќа во Бугарија во која му загина синот, тој пристигна безбедно во Ниш, а од Брзата помош велат дека се задоволни од успешниот транспорт.

Тој имал тешки повреди, крварење во стомакот, повреда на јетрата, слезината, крварење на градниот кош, нагмечени ребра, и опериран е во неделата во Бугарија. 

Несреќата се случи во неделата на пат од Бугарија кон магистралата со Грција, кога семејството удри во БМВ од спротивниот правец. Милош загина, сопругата е тешко повредена и се наоѓа во кома, а а најмладото петгодишно синче има потрес на мозокот. 

Милош ќе биде погребан денеска, а семејството сеуште во пок не може да се помири со загубата.