Македонија
19. March 2018 - 19:22

Страшна сообраќајка попладнево во Македонија - доживеал срцев удар и излетал со цистерната

При излетување на цистерна на патот во село Ѕвегор, делчевско, попладнево загина возачот М.Б., објави порталот Делчево 365.

Според д-р Гоце Стојменовски, вработен во делчевската брза помош, причината за извртувањето на цистерната бил срцев удар кој настанал додека возачот управувал со возилото. По дојавата итната медицинска служба со свое возило и дежурниот лекар се упатила на местото на настанот, но било доцна да се спаси возачот М.Б роден 1963 година.

Според очевидци среќа во несреќа е што сообраќајот во тој дел бил со послаб интензитет и тоа цистерната не се превртела целосно бидејки товарот кој го носела бил лесно запаллив и можеле да настанат посериозни последици. На лице место на настанот излегла и екипа на ПО од ОН Делчево која допрва ќе утврдува дали имало и други причини за настаната сообраќајна несреќа.