Македонија
19. September 2017 - 14:31

Страшна сообраќајка на патот Гостивар - Тетово, девојка итно пренесена на скопските клиники

Вчера во 17.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучка Камењане, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Голф“ со косовски регистарски ознаки, управувано од У.Е. (49) од Косово, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  Д.Ѓ. (31) од село Стајковци, Скопско и теренско возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р. (36) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Е.П. (25) од Скопје, сопатничка во патничкото возило „Мерцедес“. По укажаната лекарска помош во Клиничка болница Тетово, како итен случај, таа била префрлена во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.