Македонија
3. August 2016 - 9:03

Страшна сообраќајка ја разбуди Македонија - Сообраќајот блокиран

Затворен за сообраќај од 7: 20 часот утрово поради сообраќајна несреќа е магистралниот пат Удово - Демир Капија, информираат од АМСМ.  

Сообраќајната несреќа се случила кај месноста викана „Света Петка“, поради што сообраќајот е во прекин во двата правци. 

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.