Македонија
24. јуни 2017 - 13:43

Страшна сообраќајка ја потресе Македонија - Едно лице загина

На 24.06.2017 година околу 22.30 часот на регионалниот пат с.Горно Алгарци - с.Добромири, битолско, се случила сообраќајна незгода во која Р.М. (43) од с.Горно Агларци, управувајќи патничко возило „Форд Фокус“ со битолски регистарски ознаки, од засега непознати причини, излетал од патот. Возачот на возилото Р.М. починал на местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.