Македонија
8. March 2018 - 10:32

Страшна несреќа во Македонија: Изгубил контрола, излетал и се забил во дрва

Триесетина минути пред полноќ на регионалниот пат Градско – Велес, 42-годишниот С.П.од Неготино, управувајќи патничко моторно возило „Фиат Типо“ со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот од левата страна и удрил во дрвја.

Од ударот С.П. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош  во Општата болница во Велес бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.