Балкан
21. August 2016 - 12:25

Страшна несреќа: Во директен судар загинаа двајца возачи

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера во близина на Ваљево, Србија, загинале две лица, а едно е тешко повредено.

Автомобилите марка мерцедес и пунто се судриле директно, а возачите на двете возила загинале на лице место. Совозачот во пунтото е тешко повреден. 

Надлежните органи проверуваат дали возачот на мерцедесот бил под дејство на алкохол, со оглед на тоа што се враќал од прослава.