-->
-->
Страшна измама на Фејсбук: Луѓето масовно добиваат пораки дека компјутерот им е хакиран, а потоа...
-->
Корисниците на Фејсбук повторно мораат да обрнат внимание за нивната безбедност, бидејќи на социјалните мрежи се шири нова измама.
Досега измами се забележани во Велика Британија, а локалната полиција ги предупредува ситекорисници да внимаваат на својата безбедност.
Всушност, измамата се базира на вест за смрт на некоја позната личност. Откако ќе го отворите линкот, ви стигнува известување дека копјутерот ви е заразен со вирус и итно треба да се јавите на телефонскиот број 08000 698 622, каде од корисникот се бараат одредени лични податоци. Секако, овој број не треба да го повикате.
Британската полиција ги предупредува корисниците, доколку добијат ваква порака, веднаш да го затворат интернет пребарувачот и инсталираат антивирусна програма и секако да не го повикуваат погоре споменатиот број.
Засега ваков случај не е забележан во Македонија, но како што обично се случува на интернет, веројатно е прашање на време кога ќе стигне кај нас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар