Живот
23. November 2017 - 14:36

Страшна исповед: Жените немаат менструација, а силувањето е секојдневие во војска

Поранешна жена војник од војската на Северна Кореја, четврта најголема на светот, вели дека животот во војска е толку тежок што жените набрзо ја губат менструацијата, додека силувањето е нормална појава во животот на многу жени кои со неа служеле воен рок, пишува ББЦ.

Лее Со Јеон скоро 10 години служела во војската на Северна Кореја. Опишала дека спиела во соба со уште дваесет други жени, но иако војската ја напуштила пред повеќе од десетина година сеуште се сеќава на мирисот од дрвените бараки.

Душеците на кои спиевме беа направени од оризови лушпи оа сите тие телесни мириси се вовлекуваа во нив. Тоа не беше пријатно, изјавила Лее Со и додала дека една од најнепритните работи била тоа што не можеле достојно да се истушираат.

- Таму немаше топла вода. Тие спојуваа црево на планинскиот поток и со таа вода се туширавме. Понекогаш од цревата излегуваа жаби и змии, вели поранешниот војник. Сега 41 годишната ќерка на универзитетски професор пораснала на северот од Северна Кореја, а многу машки членови од нејзиното семејство билево војска. о 17 години се приклучила на војската, а вели дека мажите и жените во војската имале скоро исти задачи. жените имале малку пократки физички тренинзи, но морале да чистат и готват што мажите не морале.

- По шест месеци во војска, повеќе немате менструација поради неухранетост и стресно опкружување, раскажала Лее Со и додала дека жените биле среќни што немаат менструација затоа што тогаш ситуацијата би била полоша.

Експертите за Северна Кореја велат велат дека и силувањата се честа појава во војската. Жулиет Морилот, авторка на книгата Северна Кореја во 100 прашања, изјавила дека со повеќето жени војници со кои разговарала тврделе дека „сексуалното злоставување им се случувало на други“ Ниту една не признала дека е силувана.

И Лее Со Јееон исто така вели дека не е силувана при служењето војска од 1992 до 2001година, но многу други се.

- Комадантот на единицата со часови силуваше жени војници, изјавила таа. Иако за силување во севернокорејската војска е прпишана казна од 7 години затвор, никој за тие силувања не сака да сведочи.

Лее Со на 28 години ја напуштила восјката на Северна Кореја, а од државата во Јужна Кореја побегнала во 2008 година. Во првиот обид за бегство ја фатиле на границата со Кина и ја пратиле на одслужување казна затвор од една година. По излагањето успеала да побегне во Кина од каде преинала во Јужна Кореја.