Свет
30. October 2016 - 10:03

Страшен земјотрес ја погоди Италија

Силен земјотрес од 6,6 степени го погоди утрово централниот дел на Италија, предизвикувајќи уривање на повеќе згради и историски цркви во малите градови и села што изминатата недела веќе беа погодени од потреси.
 
Силата на земјотресот првично беше измерена како 7,1 степени од страна на Американскиот геолошки институт, а подоцна беше поправено на 6,6, што е најсилен од земјотресот на 24 август во кој загинаа речиси 300 лица и кој срамни со земја неколку мали града.
Иако сè уште нема информации за жртви, штетата од денешниот земјотрес е голема.