Живот
16. February 2018 - 20:37

Страшен оглас на Интернет: Сите кои се заинтересирани за купување, имаме деца од секоја возраст!

Цената варира во зависност од боја на кожата, полот, здравствената состојба, боја на очи и коса... 
 

- Оние кои се заитересираниза усвојување или купување, имаме деца за продажба од секоја возраст – стои на сајт кој нуди од новороденче до повозрасни деца, чии родители не се познати.

Цената варира во зависност од боја на кожата, полот, здравствената состојба, боја на очи и коса, како и други карактеристики.

Инжињер по комуникациски науки го открил овој ужасен сајт додека правел страна на Фејсбук за помош во пронаоѓање на исчезнати деца. Ремиел-Габали рекол дека неговата страница, која има 12 милиони следбеници, помага на семејства чии деца се исчезнати со објавување на нивни слики и контакт на родители, во случај некој да има корисна информација.

Имено еден од моите следбеници на неговиот Фејсбук, кој живее во градот Ел Шорук, североисточно од Каиро, ми пријави сомнителен стан во кој живеат поголем број мали деца и во "кој често доаѓаат семејства а заминуваа со деца".

Опишува дека семејствата доаѓаат со скапоцени автомобили и се гледа дека се богати. Кога го пријавиле на полиција, се открило дека во станот биле киднапреи кои сакале да продаваат деца.

Од тој случај, Гебали како што рекол, посебно се заинтересирал за начинот на кој киднаперите и криумчарите на деца доаѓале до потенцијалните купувачи. Додека тоа го истражувал, Гебали налетал на шокантен сајт за продажба на деца.

Открил дека сопственик на сајтот е арапски државјанин со престој во Холандија.

Успел да открие на кој начин се одвивала продажбата на деца по пат на сајт. Ја известил полицијата и центарот за трговија на луѓе, каде што веднаш потоа надлежните предземале мерки.