Балкан
17. May 2017 - 19:13

Страотни детали за трагедијата: Девојчето (15) се убило пред братот и таткото поради момче

Го стави пиштолот покрај главата, мислевме дека се шегува, а таа пукаше, вели Ненад (14), братот на Кристина Александриќ (15) кока раскинала со момчето.

-Мислам дека мојата сестра тоа намерно го направи. Беше во кавга со поранешното момче од Буково и им најавуваше на другарките дека ќе се убие ако не се смират. Му напиша и порака на Фејсбук: „Сакав да живеам само со тебе“. И отиде во смрт и тоа пред нас, раскажува Ненад Александриќ (14), брат на Кристина, трагично настраданата во саботата во село Малајници кај Неготин.

Досегашните сознанија од истрагата укажуваат дека станува збор за самоубиство.

Барала да пука

-Утврдено е дека си пукала себеси во глава. Куршумот е испукан од една страна и направил прострелна рана на другата слепоочница, вели извор.

На самото место биле и братот Ненад и таткото Зорислав Ѓорѓевиќ (44).

-Се вративме од град пред полноќ. На масата во соба беше пиштолот од тато. Кристина побара малку да пукаме пред куќа, но тој одби. Таа ме наговори мене да го молам и татко ми се согласи, раскажува братот Ненад и додава:

-Отидовме недалеку од куќата, покрај шумата. Татко ми неколку пати ми го даваше пиштолот да пукам, а на Кристина тоа и беше првпат. Го зеде пиштолот и испука нагоре. Го праша татко ми дали има уште некој куршум. Тој и одговори дека има уште еден во цевката. Тогаш наеднаш го допре до слеоопчницата. Пред да успееме да ја спречиме, го притисна чкрапалото. Одекна истрел и таа падна на земја.

Почина во болница

Кристина е префрлена во борската болница.

-По неколку часа почина, рече плачејќи нејзиниот брат Ненад, додека палеше свеќа на местото на трагедијата.

Членовите на семејството на Зорислав Ѓорѓевиќ кој е во невенчан брак со Лидија Александриќ со која ги има овие две деца, велат дека тие двајцата се вредни и добри луѓе кои живеат од земјоделие.

На Зорислав му е одреден притвор во траење од 48 часа под сомнение дека извршил кривично дело „тешко дело против општата безбедност“.