Балкан
19. December 2017 - 20:59

Страотни детали од трагедијата кај Пожаревац: Дедо нишанел на 11-годишната внука, а потоа го изрешетал полицаецот кој дошол на повик

Добривоје Живковиќ (69) кој синоќа го застрела полицаецот Срѓан Петровиќ (42) во село Баре кај Пожаревац, долго не излегувал од куќата зошто мислел дека некој чека да го убие.

Како што дознава српски Курир, убиецот наводно долго имал психички проблеми.

Добривоје долго не смеел да излезе од куќата и постојано зборувал дека некој ќе го убие. Постојано се јавувал во полиција зборувајќи дека сакаат да го убијат, но никогаш не кажал точно кој е во прашање.

Наводно Добривоје прв нанишанил на 11-годишната внука, но тогаш зетот го спречил да пука во детето и веднаш повикал полиција.

Тогаш се појавил полицаецот Срќан Петровиќ на кој Добривоје испукал неколку куршуми од автоматска пушка и тоа од куќата, зошто не смеел да излезе надвор.

Мештаните од друга страна тврдат дека Добривоје се женел четири пати и дека последната жена го исфрлила од станот во Италија.

-Низ селото се зборува дека кога го исфрлила последната жена, му фрлила магија. Тој от тогаш се однесуваше чудно, велат мештаните за Курир.