Македонија
12. August 2016 - 18:05

Страотна сообраќајка во Ѓорче Петров, неколку повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во населбата Даме Груев во Ѓорче Петров, објави Нова Македонија.

Поради несреќата, сообраќајот е во прекин токму кај надвозникот пред населбата по што се создаде колона од возила од двете страни долга по неколку киломтетри. Патот кон Даме Груев и околните населби и обратно веќе еден час е во целосен прекин, објави Нова Македонија.

Луѓето се симнуваат од автобусите и пеш го продолжуваат патот кон нивните домови.

Моментално на терен е екипа на Министерството за внатрешни работи која ги испитува причините за несреќата.

Неофицијално во сообраќајната несреќа има неколку повредени, објави весникот.