Балкан
11. July 2017 - 11:47

Страотна сообраќајка: Се преврте автобус полн со деца, еден загинат

Автобус со полски регистарски ознаки, кој превезувал деца, слетал од патот и се превртел на патот Суботица - Нови Сад утрово околу 9.40 часот.

Едно машко лице загина, а 25 лица се префрлени во блиските здравствени установи, соопшти српското МВР.

На местото на несреќата се упатија повеќе возила со припадниците на Секторот за вонредни ситуации, како и повеќе екипи на итната помош.

Во автобусот кој од Грција одел за Полска имало 50 патници и тројца возачи, од кои 27 биле деца на возраст од 13 до 16 години.