Македонија
23. October 2017 - 13:14

Страотна сообраќајка на магистралата Прилеп-Битола, сообраќајот пренасочен по стариот пат

Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Битола кај с.Тополчани од 11:30 часот се пренасочува по стариот пат, поради случена сообраќајна несреќа, информира АМСМ.

На правецот Битола-Прилеп, пак, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Детали за сообраќајката не се соопштени.