Страотна сообраќајка кај тетовската патарина: „Ауди“ излета од патот, дете (2) и четворица возрасни тешко повредени
Пет лица меѓу кои и едно двегодишно дете се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Гостивар - Тетово во близина на тетовската наплатна станица.
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски денеска изјави дека несреќата се случила вчера околу 14 часот кога патничко возило „ауди“ со австриски таблички загубило контрола и излетало од патот удирајќи во заштитната ограда.
- Од излетувањето и удирањето во заштитната ограда со телесни повреди се здобиле возачот, трите сопатнички на возраст од 22, 27 и 48 години и едно двегодишно дете. Со друго возило тие биле пренесени во Тетовската клиничка болница и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид и се утврдува причината и поединостите во врска со несреќата. Првично причина за несреќата е неприлагодената брзина додека вкупната материјална штета се проценува на 150 илјади денари, изјави Јосифовски.
Возилото го управувал 29-годишниот К.А. а во сообраќајната незгода причинета е и материјална штета од околу 150 илјади денари.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители